Ние се грижиме за Вас
За нас
Пред две години на македонскиот пазар се појави компанијата Геномикс која е застапник за Natera , американска лабораторија специјализирана за генетски тестирања , како и застапник на бројни американски лаборатории кои нудат ексклузивни генетски тестови наменети за превентивно делување и грижа за сопственото здравје.
Генетиката во последните години зазема важно место во точна и навремена дијагностика и персонализирана медицина. Резултатите им овозможуваат на луѓето и докторите подобро, точно и навремено делување во избор на терапија, храна , начин на физичка активност , заштита и негување на кожата и дневен избор на суплементи. Геномикс во својот тим има стручни лица, доктори кои се задолжени за интерпретација и препораки врз база на резултатите добиени од генетските тестови кои ги има во своето портфолио. Се работи за тестови наменети за пренатална дијагностика, карциноми и следење на одговор на терапија, предиспозиција за генетски наследни болести, генетски рецесивни наследни заболувања како и комплетна wellness програма сместена во брендот Геномикс life во која спаѓаат интолеранција, нутригенетски , фитнес и генетски тест за нега и третман на кожа.
Геномикс континуирано работи на проширување на протфолиото на тестови и лаборатории со кои соработува, се со цел да одговори на потребите на докторите и луѓето кои секојдневно се среќаваат со различни прашања и дилеми од изборот на храна за намалување на телесна тежина до дали после долгоочекуватата бременост носат здрав плод без одредени генетски аномалии. Континуираната работа и посветеност носи среќни и задоволни клиенти и уште поголема желба за успех на компанијата.