Signatera е прв и единствен персонализиран тумор циркулирачки DNA тест наменет за мониторинг, менаџмент и оптимизација на третирањето на солидни тумори .
Сите клетки, вклучително и карциномските клетки продуцираат cell-free DNA молекули во циркулацијата на пациентот. Секој тумор генерира ctDNA (cf DNA) специфична за туморот кој е дијагностициран. Циркулирачката туморна DNA се користи како маркер за детекција на присуство на ctDNA со кој може да се предвиди дали карциномот и по хируршкиот зафат се наоѓа во организмот и дали терапијата делува.
Доколку имавте хируршка интервенција за отстранување на туморното ткиво и Вашиот доктор и Вие сакате да знаете колку е можно порано дали канцер клетките се сеуште присутни во Вашата циркулација овие се важни информации кои може да ги добиете доколку го направите Signatera тестирањето:
- дали е потребен дополнителен третман
- дали моменталниот третман делува соодветно на болеста
- дали има знаци дека карциномот се враќа или прогресира
Моменталните имиџинг техники кои се достапни (MRI или CT scan) се есенциајлни да се одреди статусот на карциномот , меѓутоа се лимитирани во можноста да детектираат многу мали траги од канцерогени клетки останати во Вашата циркулација наречени – molecular residual disease или MRD. Доколку останат нетретирани , резидуалните канцер клетки може да се мултиплицираат и да резултираат со враќање на болеста.